„Велат дека треба да се спие истовремено кога спие и бебето - а јас тренирав“, вели најголемата хероина на овогодинешниот најпрестижен светски тениски настан Вимблдон.
Само оној кој поминал или поминува низ анксиозноста, знае колку таа може да биде неподнослива и крајно фрустрирачка. Луѓето во оваа состојба се спремни да пробаат какви било вежби/трикови/финти со цел макар на момент да се справат со оваа непријатна состојба. Млад дечко од Србија објаснува како Новак се справува.
Новак Ѓоковиќ со 3-1 по сетови 7:6, 2:6, 5:7, 4:6 го совлада младиот Италијанец Флавио Коболи во четвртфинале на Вимблдон и закажа мега дуел со големиот ривал Јаник Синер за петок.
Младиот шпански тенисер кој го напаѓа првото место на светската ранг листа (ќе му го земе на Синер ако освои Вимблдон), на денешниот тренинг ги изнасмеал сите кои се нашле тука. Имитирал веројатно фудбалери.
Триесет и седум годишниот германски возач во Формула 1, Нико Хилкенберг минатата недела кочено заврши на едно од првите три места. На трката за Големата награда на Велика Британија тој стартуваше како претпоследен, позиција која што ја „стекна“ во квалификациите. Но на крај заврши на високото трето место зад двоецот на Мекларен Ландо Норис и Оскар Пијастри, а зад себе ги остави Луис Хамилтон, Макс Ферстапен, Пјер Гасли и други.
На празникот посветен на Свети Фермин (Сан Фермин) кој паѓа на 7-ми јули, во Памлона, во Земјата на Баските секоја година се одржува традиционална трка со бикови во која учествуваат илјадници учесници од цел свет. Разулавени бикови се пуштаат од затворени капии и наеднаш бркаат десетици илјади луѓе по улиците. Прав фестивал за многумина но и гнев од други кои бараат да се прекине со оваа традиција и животните да не се измачуваат.
Со победа од 2:1 (4-6, 6-2 и 6-4), Арина Сабаленка ја совлада 10 години повозрасната Германка, Лаура Зигмунд. Одиме со најатрактивниот поен на мечот, прогласен од админот на Вимблдон.
38-годишниот Новак Ѓоковиќ го игра тенисот на својата втора младост. На Вимблдон, неговиот омилен турнир, стигна до четвртфинале каде утре ќе игра против Италијанецот Флавио Коболи (23 години). Ѓоковиќ е супер расположен деновиве на Вимблдон а на прес-конференција раскажал и за неговите деца кои исто уживале на се-англискиот турнир.
Стартот на овогодинешниот Тур де Франс (од 6-ти јули во неделата во Лил па се до 27-ми јули на Елисејски полиња во Париз) бил одбележан со голема кражба на велосипеди на еден од тимовите учесници.
Бугарскиот тенисер Григор Димитров кој одигра фантастичен Вимблдон и играше одличен тенис, во четвртфиналето синоќа против Синер поведе со 2:0 во сетови и практично го имаше во рака најголемиот фаворит за титулата. Но при резултат 2:2 во третиот сет Димитров почуствува болка во рамето и веднаш побара помош од медицинскиот тим. Докторите направија се но Бугаринот не можеше да продолжи поради преголеми болки. Така Синер се пласираше во четвртфинале на Вимблдон без освоен сет.
Со триумфот над Ема Наваро, Мира Андреева стана најмладата тенисерка која стигнала до четврт-финале на Вимблдон, уште од времето на Марија Шарапова во 2005 година. Славеше 2:0 (6:2, 6:3), а во еден момент ја крена на нозе цела публика.
101-ва победа на Ѓоковиќ на Вимблдон и нов пласман во четвртфинале, откако со пресврт го доби Алекс Де Минор со 3-1 (6:1, 4:6, 4:6, 4:6). Во публика беше Роџер Федерер, со кој Новак не пропушти шанса да се пошегува, но и да го испочитува.
Едниот е број 1 на АТП, другиот број 2. Очигледно, тоа е дуелот што ја карактеризира сегашната ера на тенисот и кој ќе биде актуелен во следната деценија, со исклучок на изненадувањата.
Карлос Алкараз долго време се бараше себеси на теренот против тврдиот Андреј Рубљов но на крај успеа да слави со 1-3 во сетови и покрај тоа што го изгуби првиот сет. Во еден момент имаше одличен поен кој ја крена вимблдонската публика на нозе. Сега Алкараз во четвртфинале игра против незгодниот Британец Нори.
За разлика од голем број негови колеги од НБА и Евролига кои летото и слободното време го поминуваат на атрактивни и егзотични, далечни дестинации, Никола Јокиќ како и секое лето така и сега, ужива во својот роден град Сомбор со неговата ергела тркачки коњи.
Ѓоковиќ е во елемент. Го мина и 3. коло и стигна до јубилејна победа број 100 на Вимблдон. Славеше повторно без загубен сет, овој против својот сонародник Миомир Кецмановиќ со 6-3, 6-0 и 6-4. Во осминафиналето ќе игра против Де Минор. Одиме со поенот на мечот. Гледајте и аплаудирајте. Нема друго.
Шпанецот е уште млад, има само 22 години и треба допрва да се покажува, но веќе држи на прво место еден многу важен статистички податок, кој за сега е тешко достижен за неговите ривали.
За време на дуелот меѓу американскиот тенисер Бен Шелтон и Ринки Хиџиката при водство на Американецот 2-0 во сетови и 5:4 во трет сет, на неколку мигови пред крај на дуелот судијата реши да го прекине мечот поради слаба видливост во 21:30 во Лондон и да го одложи за денес. Бен Шелтон со право реагираше и се побуни како и цел стадион.
Претседателот на САД изнесе нова ексцентрична идеја, кажа дека размислува да организира УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа каде би имало капацитет за 25.000 гледачи. Настанот би бил следната година по еден голем повод и голем јубилеј.