Наскоро Кирјос - Сабаленка, кладилниците очекувано со Ник како фаворит

Во недела ќе се одигра долгоозборуваната „Битка на половите“. Во Дубаи за првпат (макар така е кажано официјално) сериозно ќе се тестираат некогашниот активен тенисер и Топ10 Ник Кирјос и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка. Кладилниците веќе излегоа со коефиценти: со 1.20 Кирјос е апсолутен фаворит а за триумф на Сабаленка квотата е 4.00.

Кирјос нема играно поради повреда уште од март во Мајами, а Сабаленка зад себе има фантастична сезона со освоен Грен слем (Отвореното првенство на САД) и две вице-шампионски титули (Отворено првенство на Австралија и Ролан Гарос).

Кирјос падна на светската ранг листа на 671. место. И двајцата ќе имаат по еден наместо по два сервиси така што акцентот ќе биде на прецизноста а не на силата.

Но и покрај сето тоа, австралискиот Грк (или ако сакате грчкиот Австралиец) има поголеми шанси. Но:

„Арина е многу опасна тенисерка која има подобар сервис од повеќето машки тенисери. Убеден сум дека многу играчи од Топ 100 би имале проблем против неа. Минувам низ тешки моменти во кариерата и свесен сум дека таа може да ме победи“, вели Кирјос искрено.

Тој изминативе денови играше на некои егзибиции и изгуби два натпревари. Му требаше што повеќе тенис за да се врати во форма после пворедата. Ќе игра и во Бризбејн во новата сезона а се надева и дека ќе добие вајлд-карта за Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.

Белорусинката пак блеска и е најдобра на светот.

„Иако е егзибиција, сакам да пружам максимум. Верувам дека можам да победам. Мојот пристап на овој натпревар ќе биде максимално сериозен, целта ми е да го промовирам женскиот тенис. Очекувам прав спектакл. Свесна сум дека би била во пролбем да играм против тенисер кој е во топ форма, но Ник долго не играше така што ќе имам шанси за победа“, рекла Арина Сабаленка.

26 декември 2025 - 15:02