За британскиот боксер Лерон Марфи, Волкот ќе биде голем фаворит:
„Искрено да кажам, гледам дека се оди во тој правец. Очигледно е дека Диего силно удира така што тој секогаш има шанса како панчер. Но ако се борат 100 пати, мислам дека Волкановски ќе го победи 95 пати“, вели Лерон Марфи.
А самиот Волкановски прво ги демантирал гласините дека по борбата со Диего Лопез ќе ја заврши кариерата.
„Појма немам од кај се појави тоа. Јас ништо такво немам кажано. Веќе имаше денови кога во тренинг кампот се прашував себеси: 'Лудак, колку уште сакаш да се занимаваш со ова?' А други денови си велев дека ќе победам и дека веднаш ќе се вратам (во октагон) за да ја одржам следната борба“, вели Волкановски кој ќе го брани шампионскиот појас пред свои навивачи во Сиднеј против Диего Лопез.
И големата легенда Том Аспинал, шампион во тешка категорија на УФЦ се надева дека Алекс Волкановски на голем начин ќе ја привршува кариерата.
„Се надевам дека Алекс ќе оди во пензија после реваншот со Лопез. Јас сум негов најголем навивач! Сакам да победи и да замине со победа“.
Во април 2025-та Волкановски веќе еднаш се бореше со Бразилецот Диего Лопез и со едногласна одлука на судиите одново стана шампион на перо категорија. Во почетокот, Алекс се надевал дека ќе ја брани титулата против Лерон Марфи или Мовсар Евлоев, но по нокаутот на Лопез над Жан Силва, УФЦ му го понудил реваншот.
Волкановски во моментов има 27 победи и 4 порази во УФЦ, а Диего Лопез 27 победи и 7 порази. Александар има 37 години а Бразилецот 31. Австралиецот со македонско потекло е висок 1.68 см а Диего Лопез 1.80. И двајцата тежат по 65,8 килограми во моментов.