Експериментот помина, Ник Кирјос ја совлада Сабаленка во „битката на половите“

Во модерната „Кока кола Арена“ во Дубаи, вечерва некогашниот Топ 10 тенисер кој сега е дури 671 на АТП листата поради долгото отсуство поради повреда, ја совлада најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка 3:6, 3:6.

Натпреварот се играше со видно изменети правила: делот од теренот каде што беше понежниот пол Арина Сабаленка беше за 9% помал од делот на Кирјос. И Белорусинката и Австралиецот со грчко потекло имаа по еден сервис наместо вообичаените два.

Ова беше практично втор ваков натпревар „Битка на половите“ по ревијалниот кој на времето го играле Били Џин Кинг и Боби Ригс (Американката тогаш победила 6:4, 6:3, 6:3).

Сега, некогашниот финалист на Вимблдон се испостави како непремостива пречка за најдобрата женска тенисерка на светот.

На прашањето како се чувствувала на теренот, Сабаленка рекла:

„Одлично. Мислам имаше добра борба. Тој имаше потешкотии и на моменти беше напнат. Убаво е да се види кога противникот ќе почне да се нервира кога се обидува да ми земе сервис. Нивото беше високо.

Одиграв многу квалитетни напади, често излегував на мрежа, добро ги користев своите дроп-удари, а Ник брилијатно сервираше. Беше прав спектакл и навистина уживав. Сега имам јасна слика како да играм против него, ги знам неговите добри и слаби страни. Следниот пат дефинитивно ќе биде уште подобар натпревар.

Многу сакам реванши и сакам да си поставувам предизвици. Со задоволство би играла пак. Секако поинаква е атмосферата (на машки против женски тенис и обратно), се е побрзо, пожестоко. Од физичка точка на гледање ова беше одличен напор. Се надевам дека во следните денови ќе одморам. После мечот чувствувам дека сум спрема за новата сезона, сакам да покажам квалитетен тенис и да ги израдувам навивачите цела година“, рекла Сабаленка.

 

28 декември 2025 - 19:22