Еден од највозрасните луѓе на светот, 104-годишниот воен ветеран од Втора Светска војна Доминик Крители, ја исполнил американската химна на дуел од најпознатата светска хокеарска лига НХЛ меѓу Ајлендерс и Ренџерс кој завршил 2-0.
Дедо Доминик Крители бил роден во 1921-ва година, а сега стана познат откако на саксофон ја отсвирел американската химна во „УБС Арената“. Тој поминал 151 ден на фронт во Втора Светска војна и ја преживеал Битката кај Ардени во Белгија.