Џошуа го разби Џејк Пол, двајцата заработија милиони

Олимпискиот шампион во бокс од Олимписките Игри 2012, Ентони Џошуа го совлада Американецот Џејк Пол во „Касеја Центар“ арената во Мајами во шестата рунда.

Во пресрет на долго најавуваниот боксерски дуел Антони Џошуа најавуваше дека „ќе му ја земе душата“ на некогашниот јутјубер, а синоќа со неколку нокаути го патосираше Џејк Пол и покажа дека не залудно многумина коментираат дека како професионален боксер е далеку поспремен од некогашната интернет ѕвезда.

Џејк Пол наводно заработил скршеница на вилицата, веднаш после мечот е префрлен во болница а после борбата изјавил дека некое време ќе паузира од боксот.

Самите боксери после борбата се пожалиле на лошото судење и на невообичаено поголемиот ринг па наместо во простор од 4,9 метри боксуваа во простор од 7,3 метри.

Во таква околност Пол постојано во првите четири рунди бегаше од ривалот кој се изморуваше во обидите да стигне до него.

Судијата поради тоа ги предупредил:

„Слушнете, навивачите не платија за да гледаат вакво стање. Ако сте дошле да се борите, борете се“, рекол Кристофер Јонг.

Од тој момент во петтата рунда Џошуа два пати го нокдаунираше Пол а пресудниот нокаут се случи во шеста рунда.

Од друга страна Антони Џошуа искористи шанса после победата јавно да го прозива неговиот сонародник и ривал Тајсон Фјури со кого се пецкаат со зајадливи изјави веќе неколку дена.

Наводно нивниот дуел е планиран за следната година.

20 декември 2025 - 15:17