Најголемата тениска превара на сезоната

Тенискиот сојуз на Кенија издал соопштение во врска со скандалозното учество на извесна Хаџар Абделкадер на еден од тениските „Фјуџрс“ урнири. 21-годишната Египќанка се пријавила на турнирот ITF W35, а организаторите на истиот во Најроби во Кенија (Африка) велат дека и доделиле специјална покана (вајлд-карт) за втората недела откако таа поднела официјално барање за настап. Место во главниот жреб се отворило откако една играчка се повлекла од настап. Тогаш на нејзино место влегла Хаџар Абделкадер.

На крајот Хаџар Абделкадер изгубила 6:0, 6:0 од Германката Лорена Шедел а цел интернет се чуди како Египќанката направила 20 двојни грешки и изгубила убедливо за 37 минути „тенис“. Хаџар освоила само три поени и тоа сите три на грешки на противничката.

Кенијскиот тениски сојуз вели дека таа им дала гаранции дека е професионална тенисерка, а од Египетскиот сојуз рекле дека ниту била регистрирана професионална тенисерка кај нив ниту некогаш настапила на кој било турнир во нивна организација.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Reketiranje (@reket.iranje)

9 јануари 2026 - 13:38