Ѓоковиќ: „Го избрав најскапиот спорт, татко ми мораше да бара пари од лихвари“

Најдобриот светски тенисер на сите времиња според многумина, во едно гостување во подкаст раскажа колку нему и на неговото семејство биле тешки почетоците на неговата кариера. Тенисот е спорт кој важи за најскап, со сите попратни опреми, патувања, авионски летови, сместувања, турнири, подготовки, посебна исхрана, тренери итн... А дома немале „скршен динар“ па татко му Срѓан морал да се снаоѓа како знае и умее и да ризикува.

19 декември 2025 - 12:12