Рајан Рејгер, Калеб Фернел и Хантер Пауел се изнамачиле да се качат во бобот кој веќе се движел по стартниот потисок. Хорн заземал позиција а останатите не успеале да го следат.
Прво Рајан Регер испаднал од бобот а поради него и Пауел кој бил зад него не успеал да се „укрца“ во бобот и фрлен е низ мразот па удрил во дрвените столбови.
Калеб Фернел самиот се откажал и паднал назад откако видел дека неговите колеги не успеале да влезат.
За среќа сите четворица минале неповредени, а право чудо е како Хорн успеал да ја стабилизира 210 килограми тешката боб-санка која достигнала брзина и до 120 км/час за повеќе од една минута санкање.
U.S.A. U.S.A. U.S.A. #StMoritz #Bob 🇺🇸 pic.twitter.com/fcaOYozhbg
— storymakers (@mz_storymakers) January 11, 2026
„Крис Хорн е сам, целосен хаос за Американците, не можат да веруваат. За возач со толку малку искуство на оваа патека, каква работа врши! Нема појма кој останал во боб-санката а мора да стигне до кочнците. Вау! Се надевам дека никогаш веќе нема да доживее вакво нешто! Ова ќе се прикажува пак и пак“, коментирал во преносот коментаторот Мартин Хејвен.
На последниот правец од патеката Крис Хорн погледнал наназад и се поместил кон задниот дел од бобот, позиција на која обично седи Фернел, со цел да ги притисне кочниците и да сопре.

Кога конечно застанал, луѓето од неговиот тим се стрчале да видат дали е добро.
„Малку ме боли, ќе ми треба неколку дена да бидам сосема добар“, рекол тој.
Хорн во саботата испаднал од двочлената трка на Светскиот Куп кога кочничарот Карстен Висеринг задобил повреди кои го елиминирале од неделанта трка.
Неделната трка на Светски Куп беше претпоследен викенд пред екипата на САД да го објави конечниот список за скелетон и боб за Зимските Олимписки Игри во Милано и Кортина, во февруари 2026.