Тркач од Боцвана ги засени Американците на 200 метри и освои историско злато

Летсиле Тебого од Боцвана е нов олимписки првак на 200 метри и прв Африканец со златен медал во оваа атлетска дисциплина.

Ноа Лајлс кој ја освои трката на 100 метри со предност од 0,05 секунди, целеше на двојна победа и мислеше дека ќе стане првиот спринтер по Усеин Болт со триумф на 100 и 200 метри.

Но фантастичниот Летсиле Тебого му ги расипа плановите и истрча со време од 19,46 секунди, доволни за победа.

Успеа да му го донесе првиот олимписки медал на Боцвана и да стане прв спринтер од Африка со златен медал на 200 метри.

Среброто го освои Кенет Беднарек, а Лајлс мораше да се задоволи само со бронза.

Американците Ноа Лајлс, Кенет Беднарек и Ерјон Најтон најавија враќање на златото во нивната земја, но за тоа ќе може да се надеваат во Лос Анџелес 2028.

9 август 2024 - 08:36