Во четврфиналната пресметка, Милјана Рељиќ беше поразена од Летиција Аун од Либан, во многу тесна и неизвесна битка која во нијанси беше решена.
Аун го доби првиот сет со 9:8, а вториот заврши нерешено 6:6, но поради повеќе удари во глава, на либанската претставничка и припадна и вториот сет.
Шансите на нашата претставничка за медал сепак не се загубени.
Аун во полуфиналето ќе се бори со светската шампионка Нахид Киани. Ако победи и се пласира во финалето, тоа би ја повлекло и Рељиќ во репасажот и битката за бронза.
Во осминафиналето кое ќе беше на програмата денеска од 12 часот, Рељиќ приреди сензација откако ја елиминираше Џејд Џонс, инаку поранешна олимписка, светска и европска шампионка.
Пукна сензација во Париз, Милјана Релиќ ја урна олимписката шампионка во теквондо
Чекај да видите колку медали има Британката која капитулираше пред Мила