За да ја разбереме подобро големината на успехот на нашата Мила, треба да го прочитаме фактот дека нејзината денешна противничка, Џејд Џонс, на 16 години го напуштила школото за да се занимава со теквондо со полно работно време.
Што знаеме ние за овој спорт и дали некој воопшто имаше чуено дека постои кај нас пред успехот на Дејан Георгиевски? Да не почнеме пак со вечната хронична проблематика со немање услови за тренирање и недостиг на пари.
Внимавајте добро на следново. Мила на својот деби олимписки настап бутна на колена 10 години постара теаквондистка со неверојатни 36 медали во кариерата од кои 19 златни.
Зборуваме за Британка родена во Велс која во нивните медиуми ја опишуваат како икона во таеквондото, со кое ја запознал дедо и на 8 годишна возраст.
Го носи прекарот "The Headhunter" (Ловец на глави) затоа што најмногу сака да освојува поени со удари во глава за кои се даваат 3 поени, односно повеќе од успешните удари во тело.
Првиот медал го освоила на Европското првенство во Сант Петерсбург во 2010-та, кога на само 17 години стигнала до бронзата.
Само две години подоцна, на деби олимпискиот настап во Лондон 2012 на градите го закачила златото и испишала историја бидејќи станала првата британка со златен олимписки медал.
Била прогласена за спортска личност на годината според јавното гласање на БиБиСи Велс.
Потоа успесите и се ределе како на лента. Мила елиминираше противничка, 10 години повозрасна и со далеку повеќе искуство на силни меѓународни натпреварувања.
Противничка кој е трикратен европски (2016, 2019, 2021), двократен олимписки (2012, 2016) и светски првак (2019).
Пукна сензација во Париз, Милјана Релиќ ја урна олимписката шампионка во теквондо