Милјана Рељиќ и нејзиниот тренер Александар Ефтимов се јавија со видео пораки од Олимписките игри. Задоволни се од успехот. Ние пак сме презадоволни, затоа што девојката доаѓа од држава која има мизерен третмант кон спортистите. Не можела да тренира летово во професионалната сала бидејќи била заклучена за време на летен распуст, а нејзината британска противничка има 36 медали и на 16 години го баталила школото за му се посвети на теквондото со полно работно време. Ма браво девојко. Само храбро и борбено и понатаму.
Најизговорениот и најпишуваниот спортски збор во Македонија во текот на Летните Олимписки игри, без конкуренција беше теквондо. Заслугите за тоа одат кај Дејан Георгиевски, скромното и храбро момче кое до финале ги истепа сите и стана вицешампион во светот.
Човекот кој по големата радост која ни ја овозможија фудбалерите, придонесе годинава на спортски план уште повеќе да се радуваме, стигна на скопскиот аеродром каде го пречекаа многу навивачи, другари, роднини.
Македонската таеквондо федерација најавува пречек за Дејан Георгиевски в четврток. Во 14:30 на аеродром, во 19:30 на плоштад. На слевење повикува и човекот кој го направи најголемиот олимписки успех во историјата на Македонија. Заслужува.
Треската за спортот кој го измислиле Корејците пред 80 години, а со кој нас не загреа јунакот Дејан, кој инаку меѓу тројцата елиминираше и Кореец, денеска се префрли на Твитер. Станува забавно. Еден им пишал дека баба му го вика: таквото.