
Душица Бреслиева ја извојува првата победа за Македонија во боречките спортови и општо во индивидуалните, на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје.
Во турнирот во таеквондо, Бреслиева ја совлада Матеа Јакобсен од Норвеша со 2-0.
Во следното коло ќе се бори со Украинката Анастасија Хаиворонска и за медал и требаат уште две победи.
Христијан Симоновски загуби од Кристофер Вунш од Луксембург со 1-2.
Резултати:
-55 кг
Андреј Василевски – Абдерахман Туијар (Италија) 1/8 финале
-63 кг
Христијан Симоновски – Кристофер Вунш (Лукенбург) 1-2
-55
Душица Бреслиева – Матеа Јакобсен (Норвешка) 2-0
Душица Бреслиева – Анастасија Хаиворонска (Украина)