Милјана Рељиќ и нејзиниот тренер Александар Ефтимов се јавија со видео пораки од Олимписките игри. Задоволни се од успехот. Ние пак сме презадоволни, затоа што девојката доаѓа од држава која има мизерен третмант кон спортистите. Не можела да тренира летово во професионалната сала бидејќи била заклучена за време на летен распуст, а нејзината британска противничка има 36 медали и на 16 години го баталила школото за му се посвети на теквондото со полно работно време. Ма браво девојко. Само храбро и борбено и понатаму.