- Дисциплинската комисија на УЕФА денес ги изрече казните за клубовите чии навивачи направиле прекршоци во изминатото коло од еврокуповите.
- Македонскиот претставник Шкендија е казнета со 20.000 евра и затворен сектор 11 од националната арена „Тодор Проески“ во Скопје за следниот натпревар од УЕФА на домашен терен или секторот на кој стадион и да бидат домаќини поради раситичко и дискриминаторско скандирање на нивните навивачи.
- Шкендија е казнета и условно на две години па доколку се повторат испадите, клубот ќе биде подрастично процесуиран.
- А подрастично казнети се Црвена Звезда и Динамо Загреб. Српскиот шампион доби забрана за гостински навивачи на мечот со Штурм Грац во Австрија, казнета е Звезда и парично со вкупно 65.000 евра за дискриминаторско скандирање и доби условна казна од две години.
- Динамо Загреб е казнет со вкупно 40.000 евра и со забрана за гостинки навивачи на првиот следен натпревар во еврокуповите и условна казна од 2 години за употреба на пиротехнички средства и фрлање разни предмети на терен на дуелот со шведски Малме.
- Санкционирани се и холандски Утрехт и Феенорд и романската фудбалска федерација па У21 селекцијата на Романија.
- И официјално, Мајкл Карик повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед. Неговиот мандат заврши тажно, како последница на очајната форма на клубот оваа сезона.
- Поранешниот играч на Манчестер ја презеде улогата минатата сезона, првично како привремен тренер, по заминувањето на Рубен Аморим. Го однесе Јунајтед до третото место и по пауза од две години го врати во ЛШ.
- Потоа доби постојан ангажман. Но, тимот го доживеа најлошиот старт сезонава со бедни 8 бода во зоната на испаѓање. Единствениот триумф во Премиер лигата им е против Ипсвич и тоа во август.
- Сега фокусот се префрла на неговиот наследник, кој наверојатно ќе биде Маурисио Покетино, со кој наводно преговорите се во завршна фаза.
- Љубителите на ракометот од денеска можат да обезбедат билети за претстојното скопско дерби меѓу Вардар 1961 и Алкалоид, кое ќе се одигра во Т-Арена, односно СЦ „Борис Трајковски“. Билетите се продаваат по единствена цена од 300 денари. Билети за натпреварот можете да набавите тука.
- Од клубот информираат дека местата во салата нема да бидат нумерирани, па навивачите ќе можат да го изберат блокот од кој ќе го следат натпреварот. Навивачката група „Комити“ ќе биде сместена во блокот 1, додека за гостинските навивачи е предвиден блокот 15.
- За сезонците ќе бидат резервирани централните блокови 3 и 13. Сепак, тие ќе имаат можност, доколку сакаат, да го следат дербито и од кој било друг блок во салата. Навивачите кои ќе купат поединечни билети ќе можат слободно да изберат каде ќе седат, со исклучок на блоковите 3 и 13, кои се резервирани за сопствениците на сезонски билети.
- За влез во салата ќе биде отворен главниот влез, кој се наоѓа од страната на големиот паркинг. Градското дерби се игра во сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот