Никола Узунов една недела ќе престојува и тренира во академијата на Новак Ѓоковиќ во Белград каде најталентирани млади тенисери од регионов ќе учат лично од Ноле.
Никола Узунов веќе имал неколку тренинзи со Новак. Тој од 5-годишна возраст е со тенискиот рекет а сега му е остварен и сонот да биде рамо до рамо со доскорешниот светски рекет број 1.
Оваа убава вест доаѓа во истовреме со големиот успех на нашата најголема тениска надеж Калин Ивановски кој го освои првиот турнир во професионалната кариера и кој на 18 години напредува многу.