Тајсон типува на Мани Пакијао

Боксерската легенда Мајк Тајсон изјави дека Британецот Мејведер нема што да бара со дефанзивниот бокс против Филипинецот, за кој вели дека е сигурен победник во Лас Вегас.

Флојд Мејведер, кој е непоразен на сите 47 професионални борби, е познат како еден од најдобрите дефанзивци во модерниот бокс. Доказ за тоа се само двете победи со нокаут во последните 12 борби за 10 години.

„Уште од сега мислам дека Пакијао ќе победи, затоа што дечкото постојано е во движење, доаѓа од секој агол и е многу енергичен. Константно напаѓа и никогаш не застанува. Флојд е постатичен и постабилен, но не знам како ќе се справи со илјадниците удари на Пакијао", изјави „Железниот Мајк" за Дејли Мејл.

Тајсон минатиот петок го прослави и јубилејот 30 години од неговата прва професионална борба, која што ја имаше на 18 години во Плаза Конвешн центарот во Њујорк. Тајсон тогаш го разби Хектор Мерцедес уште во првата рунда.

Тоа беше првиот од вкупно 44 нокаути на Тајсон во неговата кариера, во која забележа 50 победи и само шест порази. Во САД денес треба да се прикаже долгометражниот филм Champs (Шампионите), во кој Тајсон, Дензел Вашингтон и Ивандер Холифилд зборуваат за проблемите со кои се соочува боксот како спорт и боксерите кои немаат можност да стигнат до врвот.

 

13 март 2015 - 13:26