Мани Пакијао е светски првак во осум боксерски дивизи, а медиумите шпекулираат дека дуелот со Мејведер ќе биде најскап во историјата на боксот и ќе чини 250 милиони долари.
37-годишниот Флојд Мејведер е светски шампион во велтер категорија и ги има сите 47 победи, од кои дури 26 завршија со нокаут. Од друга страна, Мани Пакијао има 57 победи во кариерата, од кои 38 со нокаут. Филипинецот има и две ремија, како и пет порази. Меѓу другите услови за одржување на мега спектаклот, за Мејведер најважно беше исполнување на неговото барање, тестирањето на крвта да се изведе по угледот на олимпискиот систем - неколку денови пред борбата, а не месец дена претходно.
Мани Пакијао претходно беше решителен да даде урина и крв три пати: еднаш во јануари, еднаш на 30 дена пред борбата и еднаш после борбата. Филипинецот беше загрижен дека ако даде крв на неколку дена пред борбата, тоа може да го ослабне и да загуби, како што му се случи во 2005. година против Ерик Моралес.
„Го прифативме тоа барање. Предложив и казна од пет милиони долари ако тестот биде позитивен“, изјави Пакијао, кој цели шест години чека на борба со Мејведер.
Дуелот меѓу Пакјиао и Мејведер најверојатно ќе се одржи на 2. мај во Лас Вегас. Инаку, Мејведер изјави дека неодамна ги разменил телефонските броеви со неговиот најголем ривал од рингот. Светската јавност со нетрпение го очекува дуелот меѓу овие боксери, затоа што ќе преставува борба на две различни боксерски техники. Актуелниот обид е четврт по ред да се договори борба меѓу нив, затоа што сите три претходни завршија без договор.
„Ниту тој, ниту јас ништо не сме потпишале. За сега сè што се слушнале се само шпекулации и гласини. Се надевам дека може да дојде до борба", кратко изјави Мејведер.
Агентот на Пакијао, Фред Стернбур пред неколку дена изјави дека е долг патот до закажување на борбата, но се надева дека работите ќе одат на позитивно.