Скопје го добива вториот Nike store

Со отворање на втората Nike продавницата во Скопје, сите љубители на брендот ќе имаат можност да искусат ново шопинг искуство според најсовремените светски стандарди.

Nike, најголемиот светски бренд во сегментот на спортски патики, облека и опрема, го најави отворањето на својата втора продавница во Скопје.

Свеченото отворање на новата специјализирана продавница на Nike, на простор од 400 квадратни метри во Скопје East Gate, ќе биде во петок 29 октомври.

Сите Nike ентузијасти ќе можат да ги најдат најновите колекции на облека и обувки од категориите training, running, basket, но и најновите колекции од Nike lifestyle и kids понудата.

Со отворање на втората Nike продавницата во Скопје, сите љубители на брендот ќе имаат можност да искусат ново шопинг искуство според најсовремените светски стандарди.

Потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во проширена понуда и нови модели кои досега не беа достапни на нашиот пазар, во простор каде со мултимедијална комуникација на понудите и врвен дизајн на ентериерот и осветлувањето...

Мисијата на брендот Nike е да нѐ охрабри сите да го дадеме нашиот најголем потенцијал - да инспирираме и иновираме.

„Ако ги слушаме гласовите на секоја земја, култура и заедница, можеме да ги ослободиме потенцијалите на секој спортист“, велат од Nike. Тие веруваат дека разновидноста ја поттикнува креативноста и ја забрзува иновацијата.

Седиштето на компанијата е во Oregon, основана е во 1964 година, а официјалното име Nike го добива во 1978 година. Основачи се Bill Bowerman и Philip Knight.

Слоганот „Just Do It“, кој се роди во доцните 80-ти години, стана синоним за името на овој бренд што
го препознаваат и старите и младите генерации.

Скопје со ова ќе се најде на листата на светски градови кои имаат привилегија да имаат повеќе од една Nike продавница. Повелете и посетете ја најновата и најдобра продавница на Nike во Македонија, која ќе се отвори во Скопје East Gate.

Комерцијален текст

27 октомври 2021 - 14:45