Се сретнаа Мбапе и Виктор кој заврши кај Грег Попович

Француската сензација Виктор Вембанјама ја следеше драфт лотаријата во НБА со семејството и пријателите. Џек потот го доби Сан Антонио Спарс кој прв ќе го бира првиот пик после 1997-ма кога го одбра Тим Данкан. 219 високиот Французин доби поддршка и од Килијан Мбапе кој инаку е висок 178 см. Погледнете го видеото за да сфатите зошто пишуваме колку се високи.

Инаку 19 годишниот Виктор Вембанјама важи за еден од најперспективните кошаркари во Европа и настапува во францускиот тим Метрополитанс.

Тинејџерот е многу самоуверен дека ќе успее во НБА и изјави дека уште во првата сезона е подготвен да се бори за трофејот.

Спарси во историјата два пати победиле на драфтот и во двата наврати избраа играчи кои станаа легенди и ја променија историјата на тимот.

Во 1987-ма прв пик беше Дејвид Робинсон, а 10 години подоцна Тим Данкан кој во комбинација со уште неколку одлични играчи, на тимот од Тексас му донесоа четири титули.

Драфтот ќе се одржи на 22 јуни во Њујорк. Втор ќе избира Шарлот, а потоа следуваат Портланд, Хјустон и Детроит.

Покрај Вембанјама меѓу оние кои високо котираат на драфтот се и Скот Хендерсон и Брендон Милер.

Француското чудо од дете сам си асистираше забивање

18 мај 2023 - 08:28