Се огласи Линдзи Вон: „Ова не е бајка со среќен крај, туку живот“

Откако ја евакуираа со хеликоптер од патеката по страшниот пад во кој скршила нога, славната американска скијачка била префрлена во локалната болница а потоа преселена во Тревизо каде во понеделникот ја оперирале. Сега се огласи.

Храброст? Лудост? Или и двете? На кратко ова може да се каже за натпреварувачкиот дух на 41-годишната Американка Линдзи Вон по страшниот и потресен пад на Зимските олимписки игри во Кортина.

Таа вели дека не се кае. Само 9 дена пред трката на Зимските олимписки игри, скијаше во Швајцарија во Кран Монтања каде тешко ги повреди лигаментите при еден опасен пад. После тоа реши да се појави на Зимските олимписки игри иако таа повреда бара подолго мирување па и зафат.

Но храбрата Линдзи се појави и не се кае.

„Мојот олимписки сон не се заврши онака како што замислував. Не беше тоа крај на една бајковита книга. Беше тоа живот. Се усудив да сонувам и напорно работев за тој сон да се оствари но не се заврши како што се надевав. И покрај силната болка не се каам. Со самото тоа што бев на капијата на стартот, тоа беше неверојатно чувство кое никогаш нема да го заборавам. Знаејќи дека тоа што стоев таму со шанса да победам, победата е сама по себе“, напиша 41-годишната Американка на Инстаграм.

Линдзи доживеала страшна и сложена скршеница на тибијата, десната нога и е скршена (потколенична коска) за која ќе треба не само една туку повеќе операции. И се тоа откако олимписката шампионка во 2010-та ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото поради кои ја советувале да не учествува на Игрите.

Но таа тврди дека овој пад „не е во баш никаква врска“ со страшниот пад во Италија.

„Ова бил и засекогаш ќе биде неверојатно опасен спорт. Слично како и на скијачките трки, и во животот превземаме ризик. Сонуваме. Сакаме. Скокаме. И некогаш паѓаме. Некогаш ни се кршат срцата. Некогаш не ги остваруваме соништата. Но во тоа е убавината на животот - што можеме да пробаме. Се надевам дека ако извлекувате што било од мојот живот, ќе имате храброст да пробате. Животот е прекраток да не пробате. Единствен неуспех во животот е кога не пробувате. Јас пробав. Сонував. Скокнав“.

Со Линдзи Вон покрај неа освен татко и се уште и братот и двете сестри кои ја поддржуваат во болницата. 

10 февруари 2026 - 09:46