Историјата за веројатно најдобриот на сите времиња, почнува да се испишува на 27 јануари 2008, барем што се однесува од освојувањето на најпрестижните тениски турнири.
Ѓоковиќ, кој професионалната кариера ја почна во 2003-та, беше се поблиски и поблиску до првиот Гренд слем. Една година претходно стигна до првите две полуфинале на Роланд Гарос и Вимблдон и се проби до првото финале на УС Опен, каде беше совладан од Роџер Федерер во три сета.
Следната година како рангиран на позицијата број 3, стигна до финалето на Австралија Опен, без загубен сет. Во полуфиналето го елиминираше Федерер како двократен освојувач на Мелбурн и стана најмлад во отворената ерасо полуфинале на сите четири Гренд слемови.
Жо-Вилфред Цонга дојде како 38-ми носител, без пласман и на патот до финале елиминираше четворица тенисери од топ 10: Енди Мареј, Ричард Гаске и во полуфинале Рафаел Надал.
Тоа всушност остана прво и последно финале за Цонга на Австралија Опен. На Роланд Гарос и Вимблдон максимумот му е полуфинале, а на УС Опен четвртфинале.
Новак славеше во 4 сета 4-6, 6-4, 6-3, 7-6 во натпревар кој траеше 3 часа и 5 минути.
„Сонував за ова многу пати. Гледав многу легенди како креваат Гренд слем титули и посакав и јас да бидам еден ден во таква ситуација. Ова е како остварување на сонот. Секогаш верував, секогаш“, рече Ѓоковиќ.
Погледнете ја оваа жестока битка со страшни удари на двајца млади полетни тенисери, изгорени за трофеј.
You always remember your first (of 24) ☝️ 🏆 @Djokernole #throwback pic.twitter.com/pwsJwW2h7u
— #AusOpen (@AustralianOpen) September 14, 2023