ПОП РОК ФОЛК ја отпеаа „We are the champions“

По 10 фудбалски денови исполнети со многу дружење, забава и танц со топката, заврши второто издание на „Музичкиот Куп 2017“. Публиката во спортскиот центар Аеродром уживаше на вкупно 196 голови постигнати на 26 средби.

Екипата на ПОП РОК ФОЛК го подигна пехарот на „Музичкиот Куп 2017“ кој втора година по ред ја продолжува традицијата која ја вети виолинистот Илија Филиповски од група Маестро, главниот организатор на првиот и единствен турнир меѓу музичари од Македонија.

Дека музичарите знаат да прикажат неизвесен и интересен фудбал за гледање покажа финалето меѓу ПОП РОК ФОЛК и ЛИВЕРО БЕНД кое по резултат 2:2 во регуларниот дел, мораше да се одлучува преку пенали.

Подобри во изведувањето на ударите од белата точка за влакно беа членовите на ПОП РОК ФОЛК кои славеа со 5:4.

Далибор Ефтимовски, Алмир Имер, Стефан Филиповски, Влатко Лозаноски и Бојан Јованоски ги погодија сите пенали кај шампионот, додека во поразениот тим промаши само Илија Јанчулески, а Иван Јованов, Роберт Спасенцовски, Костадин Петрушев и Петар Поповски беа прецизни.

Во натпреварот за третото место минатогодишниот победник Тешкото беше подобар од група Фортуна со 6:2.

ПОП РОК ФОЛК – прво место
ЛИБЕРО БЕНД – второ место
ТЕШКОТО – трето место

Најдобар голман Сашо Костовски (Биоритам)
Најдобар стрелец Алмир Имер (Поп рок фолк)
Најкорисен играч MVP Бојан Јованоски (Поп рок фолк)

Идеален тим на турнирот:

Сашо Костовски (Биоритам)
Иван Јованов (Либеро бенд)
Бојан Јованоски (Поп рок фолк)
Александар Андоновски (Тешкото)
Алмир Имер (Поп рок фолк)
Мишел Трајковски (Група Фортуна)

Изведувањето на пеналите и прогласувањето на победниците

Резултатите од сите средби ги имате тука.

5 април 2017 - 15:01