Пантерски спринт на 100 метри со пречки за нов светски рекорд

Дваесет и петгодишната Нигеријка Олуватобилоба „Тоби“ Амусан постави нов светски рекорд на 100 метри со пречки кои ги истрча за 12,12 секунди и заслужено влезе во финале. Тоби два часа подоцна, во големото финале истрчала 100 метри со пречки за 12,6 секунди но овој рекорд не ѝ бил признаен поради ветерот кој надминал брзина 2,5 метри во секунда. Заслужено освои златен медал.

 

Сребрен медал освои Британи Андерсон од Јамајка а до брозната стигна Јасмин Камачо-Квин, олимписката шампионка од Токио 2020 која доаѓа од Порторико.

На фантастичната трка на 5.000 метри со време од 13:09,24 минути до златниот медал стигна врвниот норвешки атлетичар Јакоб Ингебригтсен. Втор беше Кениецот Јакоб Кроп, а трет целта ја мина Оскар Челимо од Уганда. 

 

25 јули 2022 - 12:20