„ОООО Тешкото“ се најдобри фудбалери меѓу музичарите

По 10 дена фудбал на кои продефилираа 160 музичари и одиграа 32 натпревари, заврши првиот турнир во мал фудбал меѓу музичари од Македонија.

Шампиони на првото издание „Музички Куп 2016“ е екипата на „ОООО Тешкото“, составена од играорци на Ансамблот за народни песни и ора „Танец”. Во финалето беа подобри од „ГА ПЕНТАТОНИКА” од Прилеп која ја совладаа со 3:0. Љупчо Маринковски беше двоен стрелец, а конечниот резултат го постави Андон Андоновски.

Во мечот за третото место “ОРИЕНТАЛ & ЛОЗАНО-НЕКСТ ТАЈМ” ја совладаа екипата на “КОКТЕЛ БЕНД” од Велес со резултат 6:4. Алмир Имер беше играч на мечот со 4 погодоци за "ОРИЕНТАЛ & ЛОЗАНО-НЕКСТ ТАЈМ", а другите два гола ги постигнаа Влатко Лозаноски и Бојан Јованоски. За "КОКТЕЛ БЕНД" стрелаа Благој Јованов, Гоце Наунов, Горан Андонов и Стојанче Гочевски.

Најдобри стрелци на турнирот се Благој Јованов  и Гоце Наунов од “Коктел бенд” со по 10 погодоци, за најдобар голман е прогласен Рубин Трајкоски од “ГА ПЕНТАТОНИКА”, а МВП на турнирот е Љупчо Маринковски од екипата на “ОООО ТЕШКОТО”.

На „Музичкиот куп 2016“ беа постигнати 251 гол на 32 средби или во просек по 7,8 гола на натпревар, а правдата ја делеа делегирани судии од Фудбалската Федерација на Македонија. 

Главните организатори Илија Филиповски (виолинист од Група Маестро) и Трајче Толевски (сајзерист од Скопски боеми) се надеваат дека овој турнир ќе прерасне во традиција и изјавија дека е можно да се прошири во меѓународни рамки. 

Резултати од нокаут натпреварите: 

¼ ФИНАЛЕ

КОКТЕЛ БЕНД – ГРУПА МАЕСТРО 7:4
ОРИЕНТАЛ & ЛОЗАНО-НТ – БИОРИТАМ 3:2
ОООО ТЕШКОТО – ЛИБЕРО БЕНД 7:2
ГА ПЕНТАТОНИКА – СПОРТСКИ МУЗИЧАРИ 5:1 

½ ФИНАЛЕ

КОКТЕЛ БЕНД – ГА ПЕНТАТОНИКА 3:3 (0:2 на пенали)
ОООО ТЕШКОТО - ОРИЕНТАЛ & ЛОЗАНО-НТ 3:1 

МЕЧ ЗА ТРЕТО МЕСТО

КОКТЕЛ БЕНД - ОРИЕНТАЛ & ЛОЗАНО-НТ 4:6 

ФИНАЛЕ

ГА ПЕНТАТОНИКА – ОООО ТЕШКОТО 0:3

17 март 2016 - 10:53