
Спектаклот во финалето на Ролан Гарос ќе се прераскажува уште долго време. Таква драма има само на филм.
Со 3:2 во сетови 4:6, 6:7, 6:4, 7:6, 7:6 Алкараз го урна неверојатниот Италијанец Јаник Синер и го освои пехарот на Ролан Гарос.
Синер ги доби првите два сета, во четвртиот имаше водство 5:4 и 40:0 и тогаш се случи драма! Алкараз се извади од бездната, спаси три меч топки, освои дури пет поени по ред, се извлече и се избори за тај-брек.
Супер тај-брејк, чудесна драма во повеќе од пет часа врвен тенис за најдолго финале на Ролан Гарос во историјата. На крајот Алкараз заслужено е шампион на Отвореното првенство на Франција. Ова е негово петто финале на Грен Слем и има пет триумфи.