Добра ти е идејата, само ова е американски фудбал, не Лига на шампиони

За време на дуелот меѓу Лос Анџелес Рамс и Сан Франциско 49-ерс, некој демонстрант решил да го прекине мечот за да промовира своја идеја. Упаднал на терен со розова бакља во рака и мислел ќе помине благо како што се поминува во европскиот фудбал. Заборавил дека е покрај снажни ѕверови од американски фудбал.

Дечкото носел маица со натпис RighttoRescue.com, сајт кој се бори за правата на свиркачите кои се со соочуваат со затворска казна поради откривање злоупотреби во работа на некои фабрики и фарми ширум САД.

Боби Вагнер после мечот:

„Редарите имаа мака, па решив да помогнам“:

 

4 октомври 2022 - 10:47