Триесет и пет годишната Фрејзер Прајс постави рекорд на Светски првенства и петти пат во кариерата стана најдобра на свет што е апсолутен рекорд. Прајс е и највозрасна шампионка во поединечно тркачки дисциплини.
Прајс успеа прво да урне рекорд од Светски првенства кој од 1999-та го држеше Мерион Џонс (10,70). Прајс до златото стигнуваше во 2009 (прво злато во кариерата, освоено во Берлин), 2013, 2015 и 2019-та година а на Олимписки Игри злато освојуваше во 2008 и 2012-та.
Зад неа завршија нејзините сонароднички од Јамајка - Шерика Џексон (10,73) и Елејн Томпсон-Хера (10,81). Токму Хера ја остави Прајс без рекордно трето злато на 100 метри од Олимписки Игри откако лани во Токио победи на трката.
Толку или повеќе злата од атлетските Светски првенства освоиле само Сергеј Бубка (шест), Павел Фајдек (ѓуле) и Ларс Ридел (диск) но сите тие настапуваа во технички видови а во спринт никому не пошло од рака такво нешто како на Прајс.
Првата олимписка победа Фрејзер-Прајс ја забележа во 2008-ма во Пекинг кога убедливо стигна до златниот медал на трката на 100 метри и тоа во епоха кога блескаа Усеин Болт и Елена Исинбаева.
Личниот рекорд на Фрејзер-Прајс е 10,60 поставен во август 2021-ва на 34 години. Тоа е трет резултат во историјата на атлетиката, побрзи беа само оние на Американката Флоренс-Грифит Џојнер (10,49) и Томпсон-Хера (10,54).
Во 2017-та Фрејзер-Прајс отишла да се пораѓа додека гледала финале на 100 метри на Светско првенство. Зајон се родил следниот ден, а само после 10 недели Фрејзер-Прајс се вратила на тренинзите. На Светско првенство 2019-та, ракетата од Јамајка освои две златни медали: на омилената трка на 100 метри и на штафета 4х100.
Круна на кариерата и беше Мундијалот во Москва во 2013-та. Тогаш Фрејзер-Прајс се закити со три злата: 100, 200 метри и штафета 4х100.
Такво нешто не успеало никому во историјата на атлетиката.
Pocket rocket (Џепната ракета) каков што е прекарот на Фрејзер-Прајс има 152 сантиметри (просечно нејзините ривалки се високи 160-170 см), а најголема предност и е стартната, експлозивна брзина.
Шели-Ен развива страшна брзина, 100 метри преминува со 50 чекори во просек, а средниот просек на 100 метри на обичен човек е 286 чекори во минута.
Притоа просечна должина на нејзиниот чекор при трк е околу два метри што порано било недостижно и незамисливо за спортисти со таков раст.
„Кога почнував да трчам, ми повторуваа дека сум многу мала и никогаш нема да бидам доволно брза“.
Таа имаше и некои проблеми со допинг-контроли на времето, во 2010-та година ја суспендираа на половина година поради наводна употреба на оксикодон (лекарства против болки), а Фрејзер-Прајс докажувала дека го зела препаратот поради страшни болки во забот и заборавила да го наведе тоа во документите доставени до Светската атлетска федерација.
Поради тоа, ракетата од Јамајка била принудена да го пропушти остатокот од летната сезона, но веќе во 2011-та се врати спремна, со детално подготвена документација во која не фалело ништо и го освои златото на Светско првенство.
Харизматичната Фрејзер-Прајс секогаш излегува со необични бои и фризури. Во 2013-та година отворила салон за убавина кој го нарекла Chic Hair Ja.
Салонот е специјализиран за боење коса и разни фризури и перики. Таа вели дека силните светли бои се карактеристични за неа. Во 2019-та решила да стане русокоса, а потоа ја фарбаше косата во разни бои. На церемонијата на свечено отворање на Олимписки Игри во Рио де Жанеиро, таа била обоена во боите на јамајканското знаме.
На актуелното Светско првенство, на трката на 200 метри таа ја придржуваше периката која што ја носеше.
💇♀️ Shelly-Ann Fraser-Price 🇯🇲 fixing her hair during acceleration phase en route to her 200m first round in 22.26 @WCHoregon22 @WorldAthletics , a world record of a kind… pic.twitter.com/6NoCtrgXF8
— PJ Vazel (@pjvazel) July 19, 2022
По трката, Фрејзер Прајс објасни што се случило на патеката. Таа носеше една од вкупно десетте перики што ги поведе со себе на Светското првенство.
„Сите ги бојадисав дома, ги спакував и ги зедов со мене. Овде, разни стилисти за коса ми помагаат да ги стилизирам. Горда сум на себе, оваа сама ја наместив“, изјави спринтерката од Јамајка.
Фрејзер-Прајс во колекцијата сега има 12 медали од Светски првенства од кои дури 10 златни! А во Орегон ја очекува допрва трка на 200 метри и штафета 4х100 метри. За крај на кариерата уште не размислува.
„Сите зборат за мојата возраст и за тоа дека имам дете како за некој негативен фактор, но јас го сметам тоа за предност. Сигурна сум дека можам да трчам уште побрзо. А додека уште верувам, не си одам од патеките“, ликуваше Фрејзер-Прајс после неверојатниот триумф во Орегон и новото злато на 100 метри.
Кај мажите сите три медали на 100 метри ги освоија Американци: Фред Керли однесе злато со луда трка од 9,8 секунди, Марвин Брејси Вилијас се закити со сребро за Трејвон бронза со идентично време 9,88.