На Мејведер му ја одземаа титулата светски шампион

Откако завршил рокот до кога Флојд Мејведер мораше да плати 200.000 долари до Светската боксерска организација, одземен му е шампионскиот појас освоен против Мани Пакијао.

На Мејведер му е одземен појасот затоа што не ја платил таксата која што била задолжителна по правилата на WBO, а која се однесува на боксерите кои во свој посед имаат повеќе титули во различни категории. Мејведер со победата над Пакјао во велтер категорија го подобри својот учинок и сега има 48 победи без пораз.
 

Сумата која што Флојд Мејведер требал да ја плати е само 0,1 посто од она што го заработил од битката на векот со Филипинецот (220 милиони). Американецот во свој посед ја има и јуниорската титула во средна категорија во WBO верзија и поради тоа настанал проблем.

Светската боскерска организација истакна дека е против правилата боксерите да поседуваат повеќе светски титули во различни тежински категории и дека Мејведер треба да се одлучи која титула ќе ја врати.

Мејведер има 2 недели да поднесе жалба на одлуката на СБО.

Правилата на СБО налагаат секој боксер да плати 3% од секоја борба која што е во нивна организација, а мечот за светската титула меѓу Мејведер и Пакијао требаше да им донесе 200.000 долари.
 
Мејведер во моментов ги поседува титулите во WBC и WBA во средно тешка и во тешка категорија. Соопштението од дисциплинскиот орган на Светската боксерска организација гласи:
„Господин Мејведер Џуниор не плати 200.000 долари колку што требаше да плати како учесник на борба во организација на ВБО. Поради истекот на рокот, организацијата одлучи да му го одземе шампионскиот појас во тешка категорија“, стои во соопштението до јавноста.
Реакција од правните застапници на Мејведер, како и од самиот боксер сè уште нема.
 
7 јули 2015 - 10:44