Мексикански фудбалерки бегале од престрелки на картели

На стартот од вториот дел од фудбалскиот натпревар меѓу женските екипи на познатите клубови Некакса и Кверетаро од Мексико, главната судијка на средбата го прекинала мечот и ги испратила сите фудбалерки кон соблекувалните поради тоа што надвор од „Естадио Викторија“ беснееле престрелки на нарко картелите.

Силна експлозија се слуша на крајот од видеото: 

Како одговор на ризичната ситуација спроведен бил безбедносен протокол со цел да се заштити сигурноста на сите присутни на теренот.

Натпреварот бил во прекин околу 15 минути а фудбалерките и судијките останале вон теренот кај соблекувалните се додека ситуацијата не била ставена под контрола надвор од стадионот. Натпреварот подоцна продолжил и завршил 2-1 за Некакса без понатамошни прекини.

Во Мексико во неделата беснеела војна меѓу полицијата и војската од една страна и припадниците на нарко кланот на озлогласениот дилер Немесио Осегуера познат како „Ел Менчо“ кој починал на пат кон болница во Њу Мексико.

Престрелки имало во неколку места во Мексико при што повредени и ранети биле тројца припадници на армијата на Мексико.

Машката фудбалска репрезентација на Мексико има закажано пријателска средба за март против Исланд во рамки на подготовките за Светско првенсвто 2026 на кое меѓу другите и Мексиканците се домаќини заедно со САД и Канада.

Сега мексиканските власти разгледуваат и евентуално одложување на таканаречениот Интерконфедерациски бараж за пласман на Мундијал на кој за место на Светско ќе се борат Ирак, ДР Конго, Јамаика, Суринам, Боливија и Нова Каледонија.

23 февруари 2026 - 10:23