Тениската јавност е шокирана од веста за откажувањето на Ребека Марино од овој спорт. Надежната тенисерка во 2011-та година се искачи на 38-та позиција на ВТА листата, два пати беше прогласувана за тенисерка на годината во Канада, но реши да стави крај на кариерата на само 22 години.
Повеќе тенисери се откажале на оваа возраст заради повреди, но Марино се повлекува од други причини. Таа не може да го поднесе „сајбер малтретирањето" на интернет.
Марино веќе подолго време се бори против депресија, а проблемите се зголемиле откако таа се активирала на Фејсбук и Твитер. По секој пораз на тениските терени, таа добивала безброј пораки со критики кои не можела да ги поднесе.
Младата тенисерка не само што ги избришала акаунтите на Твитер и Фејсбук, туку решила и целосно да се повлече од тенисот и да ужива во својата анонимност.