Кирјос од Али Експрес направи глупост на турнир во Италија

Летонецот Ернест Гулбис, некогаш најголема млада тениска надеж и водечки талент во Европа, веќе неколку години игра по скромни турнири и драстично падна на ранг листата. Сега на Челенџер турнирот во Корденонс во Италија на меч против Шпанецот Санчез Изгуиердо после двојна сервис грешка го заџитари рекетот скроз до заштитната ограда. Притоа го пцуеше самиот настан па доби опомена од судијата. На крај сепак победи 2-0 и се пласираше во следно коло.

Па во продолжение уште и прашуваше: „А што, да не удрив некого“?

Кирјос погоди бабичка со топче, па ѝ подари пешкир во знак на извинување

 

4 август 2022 - 15:35