Кирјос погоди бабичка со топче, па ѝ подари пешкир во знак на извинување

Ник Кирјос не престанува да прави заврзлами на турнирите. Сега е во Вашингтон каде го победи Американецот Пол со 2:0 (6-3; 6-4) и се пласираше во 1/8 финале каде го чека уште еден домашен играч - Опелка. На дуелот со Пол Кирјос погоди една бабичка со топче од сервис, па подоцна и се извини и и го подари својот пешкир.

А Летонецот Гулбис кој исто „нема наместено глава“ како Кирјос, правеше глупости на турнир во Италија. 

4 август 2022 - 15:46