Кипјегон со нов страшен подвиг до ново злато

Во најатрактивната трка на 1.500 метри во женска конкуренција на Светското првенство во Орегон (САД), Фејт Кипјегон од Кенија победи и го освои златниот медал со истрчано време од 3 минути и 52.96 секунди. Втора целта ја мина Гудаф Чегаи од Етиопија (3:54:52), а со бронзен медал се закити Лора Мур од Велика Британија (3:55.28 минути).

28-годишната Фејт Кипјегон од Кенија по вторпат освојува златен медал на Светски првенства по она пред 5 години. На оваа делница од 1.500 метри Кипјегон има и две сребра а две злата има и на Олимписки игри на трките на 1.500 метри во Рио де Жанеиро и Токио.

Светското атлетско првенство во Јуџин (Орегон) трае од 15 јули до 24 јули а на овој Мундијал не беше допуштен настап на атлетичари од Русија и Белорусија поради украинско-рускиот воен конфликт.

19 јули 2022 - 14:59