Карлос Алкараз се врати на голема сцена и победи во големото финале во Торино

Карлос Алкараз се врати во врвна форма и го освои големиот Завршен турнир во Торино каде во финалето го совлада првиот тенисер на светската ранг листа Александар Зверев 2-0 по сетови 6:2, 7:6. Шпанецот роден во Мурсија по првпат во кариерата го освојува овој трофеј. Ова беше 14-та средба меѓу Алкараз и Зверев а шпанскиот тенисер води 8:6. Алкараз стана само трет Шпанец кој освоил титула на Завршниот турнир после Мануел Орантес (1976) и Алекс Кореча (1998). Сега го чека Фајнал Ејт на Дејвис Куп со репрезентацијата на Шпанија во Болоња.

 

23 ноември 2026 - 15:03