Со иста повреда Канчелара се соочи на пролетната трка на Tour to six. Канчелара ја започна етапата на Тур де Франс како лидер и сопственик на жолтата маица. Тој беше дел од судирот кој вчера се случи на патеката од Антверпен до Мур де Хуј. Швајцарецот ја заврши патеката и покрај видливите повреди со 12-минутно задоцнување.
„Ја напуштив болницата со големо разочарување откако дознав дека се скршени неколку пршлени на мојот грб истото ми се случи и пролетта” напиша Канчелара на својот Твитер профил, откако неговиот тим објави снимки од грбот.
По здобиените повреди од трката истата морале да ја напуштат и Австралиецот Симон Геранс, Јужноафриканецот Дарил Импеј, Французинот Вилијам Боне, Холанѓанецот Том Думолин и Русинот Димитри Козончук.
Неколку други велосипедисти паднаа но стигнаа до целта, како Австралицот Мајкл Метјус, кој ја продолжи трката и заврши со 21 минута задоцнување зад победникот Жоаким Родригез.
Падот на Канчелара: