Голем судар на Тур де Франс, Родригез заврши прв

Третата етапа од Тур де Франс беше прекината на 20 минути поради страшниот судар во кои паднаа дури 20 велосипедисти. Фаворитите за тронот вешто го избегнаа инцидентот.

Шпанскиот велосипедист Хоаким Родригез ја освои третата етапа на Тур де Франс која што ја обележи страшен сударна 60 километри до целта. 

После речиси 20 минути пауза и прекин на трката, со цел оние кои паднаа после големиот судар да можат да продолжат, победникот се одлучи на нагорнината каде Шпанецот Родригез го издржа притисокот на Крис Фрум.
 
И покрај тоа што беше втор, Британецот Фрум ја презема лидерската позиција на Тур де Франс затоа што им избега 11 секунди на главните конкуренти за титулата, Винченцо Нибали и Наир Квинтан. Фрум на двократниот шампион Алберто Контадор му избега цели 18 секунди.
 
Голем дел од фаворитите за тронот денес го избегна големиот судар, освен довчерашниот лидер Фабијан Канчелара кој се најде меѓу 20 велосипедисти кои паднаа.
 
Четвртата етапа на Тур се вози утре од Сераинг до Камбре во должина од 223,5 километри кога Тур и официјално ќе влезе од Бенелукс во Франција. Гардијан пренесува дека возачите ќе мора да бидат внимателни, затоа што ги очекува 40 ризични километри  по калдрмата на популарната трка Париз - Рубе.
 

 
Резултати од 3. етапа:
 
1. Хоаким Родригез, Шпанија, 3:26,54 часа
2. Крис Фрум, В. Британија, времето на победникот
3. Алекс Вулмероз (Франција) +4 секунди
4. Дени Мартин (Ирска) +5 секунди
5. Тони Галопин (Франција) +8 секунди
 
Генерален пласман:
 
1. Крис Фрум (SKY) 7:11,37 часа
2. Тони Мартин (Еtixx) +1 секунда
3. Ти Џеј ван Гардерен (BMC) +13 секунди
4. Тони Галопин (Lotto-Soudal) +26 секунди
5. Грег ван Авермет (BMC) +28 секунди