Јаник Синер запали оган со сервис - ама буквално

Светскиот тенисер број 1 на АТП ранг листата објави видео на кое се гледа неговата страшна прецизност со која пали дури и едно шкорче од тревникот со сервис. Видеото веќе има преку 6 милиони прегледи и многу дебати дали е реално или е некоја скаламуција.

23-годишниот италијански тенисер сега го очекува настап на Вимблдон каде ќе напаѓа четврта Гренд слем титула во кариерата. Синер доаѓа на Вимблдон со учинок од 19 победи и само 3 порази сезонава и е главен фаворит за титулата. 

26 јуни 2025 - 09:43