Убалдо го прашал Рафа дали скорешната венчавка со вереницата влијаела на тоа да не биде во целост концентриран на тенисот, на што Надал бурно реагирал: „Сериозно тоа ме прашуваш?! Дали е ова озбилно прашање или се шегуваш? Дали си озбилен?“
-Сериозно прашувам, не е нешто...
Сканагата важи за најпознат и најстар новинар специјализиран за тенис. Тој и со Надал и со Федерер и со многу други тенисери имал интересни моменти, разговори и интервјуа. Се прослави со „Not to bad“ на прес-конференција на Новак Ѓоковиќ, а еднаш заспа на прес на Надал. Тогаш Рафа беше насмеан.
„Изненаден сум што ме прашувате тоа. Јас сум 15 години со истата девојка, имам многу стабилен и нормален живот. Не е важно што сега имам прстен на раката. Од мој агол, јас сум многу нормален тип. Можеби за вас, колку години вие сте со партнерот“?, му враќа Надал, а Италијанецот одговара:
„Оженет сум, годинава 30 години правам“.
После ова Сканагата се обрати преку видео порака во која побара извинување од Надал, затоа што вели дека со ништо не го навредил за Шпанецот така да реагира.