Рафаел Надал изгуби убедливо од Александар Зверев 6:2, 6:4 на стартот на завршниот Мастерс, па видно нервозен се појавил на прес конференција и вербално го нападнал најпознатиот тениски репортер, италијанскиот ветеран Убалдо Сканагата.
Важи за еден од најстарите новинари кои патуваат по турнирите. На „ти“ е речиси со сите тениски ѕвезди. За овој спорт пишува уште од ’70-те години а има анегдоти со Бекер и со незграпниот Настасе.