После речиси четири часа игра по најголема жештина во Синсинати каде организаторите без нималку милост ги ставија Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ да играат во пладневен термин за да имаат повеќе гледаност ширум светот, српскиот тенисер се издигна како феникс и славеше една од најголемите победи во кариерата.
Не дека Синсинати е меѓу првите Топ5 турнири на светот, не дека е најреномиран, најгледан и со најголем награден фонд.
Но она што го одиграа Ѓоковиќ и неверојатниот млад Шпанец Карлос Алкараз сигурно ќе се памети уште долго. Европската јавност која го следеше овој меч ја држеа будна до 2 часот после полноќ.
МЕЧ НА ГОДИНАТА
И покрај тоа што овие двајца ривали се судрија и во финалето на Вимблдон каде Алкараз со победа на теренот на Ѓоковиќ најави нова тениска ера, сепак ова синоќа беше спектакл.
После сите гемови, сетови, еуфории, чудесни удари, подеми и падови: Ѓоковиќ победи 5:7, 7:6, 7:6.
„Не знам што да кажам. Еден од најтешките натпревари во мојата кариера. Нема врска кој турнир, која категорија, кој е на другата страна. Неверојатно“, беа првите зборови на преморениот Ѓоковиќ кој имаше сериозни проблеми со високите температури и речиси беше пред тотален колапс.
Новак Ѓоковиќ до својата 39-та Мастерс титула и 95-ти трофеј во кариерата стигна откако беше „пред провалија“. Направи чудесен пресврт кога губеше 1-0 во сетови и 4-2 во гемови во вториот сет.
Српскиот тенисер подобро го почна натпреварот и прв стигна до брејк. Играше во свој ритам, рутински освојуваше поени и носен од своите навивачи беше близу освојување на првиот сет.
Но...
Карлос Алкараз не би бил тоа што е, светски рекет број 1 на ранг листата со само 20 години (доминираше уште од 18 години) и чудесен тенисер.
Со фуриозна игра младиот Шпанец го принуди Новак да се повлече, да се брани и во таква ситуација како „да му ги скрати крилата“ од почетната фаза.
Новак Ѓоковиќ на турнирот во Синсинати одигра 4 меча во ноќен термин, Алкараз најчесто играше во пладневен термин, а Новак и во минатото знаел да има проблеми со високите температури па на моменти потешко дишеше и беше пред колапс.
Алкараз фуриозно го освои првиот сет.
Во вториот, слична слика. Ѓоковиќ послабо сервираше и послабо ги враќаше првите серви на Алкараз и сиот тас на вагата одеше кон Шпанецот.
Имаше Карлитос и 4-2 и шанса да го затвори мечот, но Ѓоковиќ со крајни маки освои брејк и како разбуден лав тргна во поход кон пленот. Освои дури три гема по ред и кога имаше меч топка, Алкараз успеа да се спаси:
Another championship point... another championship point saved... 😱@carlosalcaraz #CincyTennis pic.twitter.com/Wz6eQTDeTM
— Tennis TV (@TennisTV) August 21, 2023
Тогаш на шаховската табла уште еднаш пресудна беше менталната сила на Ѓоковиќ кој не падна психолошки откако пропушти неколку победнички меч топки.
Се држеше Алкараз и го однесе треиот сет во тај-брејк. Таму Новак после петта меч топка стигна до победа и шампионска титула.
Too tough to die 💪
— Tennis TV (@TennisTV) August 21, 2023
The moment @DjokerNole locked up his record 39th Masters title in THE MOST DRAMATIC fashion, 5-7 7-6 7-6 over Carlos Alcaraz #CincyTennis pic.twitter.com/B7GGCPfjDX
Речиси одамна Белграѓанецот не бил намачен така и толку беше напатен после мечот што ја раскина маицата на неколку парчиња.