Имаме наше дете на Вимблдон кое елиминираше Американец

Најпрестижниот тениски турнир во светот влече огромно медиумско внимание, а кај нас не трепкаат пред тв кога игра некој од триото Ѓоковиќ – Федерер – Надал. Епа и еве и македонски претставник кој заслужува поддршка и кој сега почнува да се пробива во тој свет.

Се работи за 17 годишниот Калин Ивановски, кој важи за една од нашите најголеми тениски надежи.

Големиот македонски талент стартуваше со триумф на Вимблдон, а во прво коло во јуниорска конкуренција го изненади Дејли Бланш од САД.

Победата ја оствари за 1 час и 24 минути и со резултат 2:0 (7:5 и 7:6).

За Ивановски ова беше деби од соништата на Вимблдон бидејќи првото стапнување во елитата ќе го памети по тоа што успеал да елиминира Американец кој е инаку десетти носител на турнирот.

Во второто коло во среда ќе ги одмери силите со Едас Бутвилас од Литванија.

Само храбро момче.

6 јули 2021 - 11:08