Госпоѓо, вие цело време имитирате звук на пчела додека сервирам?

Го имаме најјакото комично парче во тенисот кое се случи на мечот меѓу Стефанос Циципас и Бен Шелтон на турнирот во Синсинати. Гркот има мака со сервирање, бидејќи некој од зад грб постојано му прави „бззззз“. Пријавува кај судијата, а потоа бара да открие кој е. Се работи за госпоѓа од прв ред, која му призна и му се извини дека нема веќе да го ремети. Еден па ја издаде, покажувајќи ја со прст. Цепки. Инаку Циципас победи 2:0.

17 август 2023 - 13:42