Ѓоковиќ за најтешкиот сет во кариерата долг 1 час и 45 минути

„Во моменти кога преку 30 пати по ред ќе го префрлиш топчето и влегуваш во скоро втор час игра во еден сет, јас повеќе не ја гледам јасно топката, сè ми се мати пред очи. Тогаш можеш да играш според интуиција“.

Кој седеше синоќа пред ТВ да го гледа финалето на УС Опен, веројатно погледнал на саат дека вториот сет заврши 50 минути после полноќ, а зборуваме за меч закажан за во 22:00 часот.

Ѓоковиќ и Медведев првиот сет го играа 44 минути, третиот 48, а вториот точно 1 час и 45 минути или еден час повеќе од другите два.

Колку е тоа тешко, мачно и напорно, ќе ви објасни фино лепо во детали самиот Новак, со изморен глас на пресот после финалето.

Во третиот сет вели дека се чувствувал многу подобро.

„Најискрено мислам дека ми помогнаа Бог и ангелите чувари. Во тие моменти кога не ги чувствуваш нозете и чувствуваш дека немаш снага, ти се врти подот под нозе, ти се врти небото над глава, се надеваш на божествена интервенција. Можеби нема да ми верувате, но многу пати во кариерата ми се случило тоа. Сам себе се изненадив, како е можно да го издржам ова. Можно е ако веруваш во Бог и во виша сила која ти помага во тие моменти. Јас тоа сериозно го сфаќам и верувам.

Во тие моменти можеш да играш според некој инстинкт и интуиција. Кога преку 30 пати по ред ќе го префрлиш топчето и влегуваш во скоро втор час игра во еден сет, јас повеќе не ја гледам јасно топката, сè ми се мати пред очи. Тешко е тоа да се објасни за некој кој не е во мојата глава. Доаѓаш до некоја последна точка на физичка исцрпеност. Ова можеби беше најтешкиот сет кој сум го одиграл во животот.

 

Блескава игра на Новак Ѓоковиќ за историски 24-ти Гренд Слем

Поените на Ѓоковиќ со кои ја крена на нозе њујоршката публика

Ноле не е Ноле ако не направи некој мајтап

11 септември 2023 - 14:17