Со сјајна игра од почеток до крај, српскиот тенисер славеше во финалето, го обнови својот рекорд, му избега два Гренд Слема на Рафа Надал и го израмни рекордот на легендарната Маргарет Корт која освоила 24 трофеи но пред Отворената ера кога играле и тенисери аматери.
Ова беше реприза на финалето од 2021-ва година кога во Њујорк на истиот терен подобар беше Русинот кој тогаш му зема прилика на Новак за календарски Гренд Слем.
Ѓоковиќ славеше во Њујорк првпат после цели пет години.
Novak Djokovic continues to write history.@AustralianOpen | @rolandgarros | @Wimbledon pic.twitter.com/RrBFOQdiN6
— US Open Tennis (@usopen) September 11, 2023
Новак Ѓоковиќ го освои третиот Гренд Слем сезонава а таков подвиг прави четврти пат во кариерата. До 4 ГС во сезона стигнуваше во 2011-та, 2015-та, 2021-ва. Во машкиот тенис никој никогаш немал така ефикасни сезони. Најблизу до Новак беше Роџер кој има три ГС во една сезона а Надал, Матс Виландер, Род Лејвер и Џими Конорс по еднаш освоиле 3 ГС пехари во една сезона.
Србинот стана и шести машки тенисер во историјата кој 4 пати го освоил УС Опен. Претходно толку или повеќе трофеи во Њујорк кренале Рафа Надал, Џон Мекинро (по четири), Роџер Федерер, Пит Сампрас и Џими Конорс (по пет пати).
По триумфот облече маица со пораката „Мамба менталити“ во чест на Коби Брајант кој го носеше прекарот „Црна мамба“.
„Размислував за маичката пред седум дена, никому не кажував до пред некој ден. Коби ми беше многу близок пријател. Многу зборувавме за менталитетот на победник, како да се вратиш после повреда. Како да се биде на врвот. Он беше еден од луѓеот на кои најмногу сметав, секогаш беше спремен да ти даде поддршка. Многу не потресе неговата смрт. Носеше број 24 кога стана легенда на Лејкер“, рече Новак.
Novak hits 24 and pays tribute to the late Kobe Bryant 💙 pic.twitter.com/rDXVUvYe1Z
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2023
Ѓоковиќ стана воедно и највозрасниот освојувач на УС Опен со 36 години. Го надминал досегашниот рекорд на Кен Розоул од 1970-те години. Новак е најстар шампион во историјата на два Гренд Слема, на УС Опен и на Ролан Гарос.
Priceless 🤗🤗🤗 pic.twitter.com/R1Lr0hBiHq
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2023
Од своите 24 ГС трофеи Ноле точно половина освои после негови 30 години и тоа е исто рекорд. Новак се приближи и до рекордот на машкиот тур по вкупен број на титули - во моментов има 96 а повеќе од него имаат Роџер Федерер (103) и Џими Конорс (109).
Триумфот над Димитри Медведев во финалето стана 252-ра победа на Новак во дуелите со Топ10 тенисери и тоа е уште едно рекордно остварување.
Новак има вкупно 1.076 победи а пред него се Федерер со 1.251 и Конорс со 1.274.