Федерер откри кој му бил најтежок момент во кариерата

На 7 јули 2021-ва во 1/4 финале на Индијан Велс, Роџер Федерер играше против Полјакот Хурберт Хуркач. Помладиот тенисер ги доби првите два сета со 6:3, 7:6, а во третиот публиката гледаше само еден играч на теренот.

Роџер Федерер и дефинитивно става крај на неверојатната кариера. Во петок ќе се појави на Лејвер Купот во Лондон каде ќе игра во дубл меч. После тоа веќе го закачува рекетот на ѕид. Крај на една голема кариера.

Поради болките во колената и честите повреди, ветеранот решил да игра само во дубл а не и во сингл.

„Среќен сум и изненаден колку добро го удирам топчето, но нема да можам да играм во сингл, затоа и не е опција да играм на турнирот во Базел“, рекол Федерер.

Се присетил на најтешкиот момент во кариерата.

„Последниот сет против Хуркач беше најтешкиот час во мојата кариера. Сфатив дека веќе ништо не функционира. Разочарувањето ми беше како огномет во мојата главата, не знаев како да одам понатаму со тоа колено“, рекол Швајцарецот.

Тој ги потврди гласините дека ќе остане во тенисот но не на професионално ниво.

„Баш би сакал да продолжам да играм егзибициски натпревари. Би сакал да одиграм егзибиција во следните шест до девет месеци и да ги повикам сите мои сопатници за да им се заблагодарам.“

Најголема поддршка во кариерата имаше од семејството, од сопругата Мирка и од децата.

„Во последните неколку години веројатно потешко и беше на Мирка отколку на мене. Не уживаше веќе да ме гледа како играм, со сите тие повреди. Ми беше жал за неа, така што мислам дека ова и е олеснување. Кога се работи за децата, тие беа тажни, тројца од четворица плачеа. Од друга страна секогаш ми викаа: „Престани веќе да играш тенис, ајде сакаме на скијање да одиме со тебе“, констатирал 41-годишниот ас на белиот спорт, великан кој освои дури 20 Гренд слем турнири.

21 септември 2022 - 10:37