Фантастични трки на 200 метри, урнат е рекордот на Мајкл Џонсон поставен пред 26 години

На точно седум дена од почетокот на Светското атлетско првенство во Орегон (САД), имаше две неверојатни трки на кои се поставија историски резултати.

Ноа Лајлс од САД и Јамајчанката Шерика Џексон ги освоија златните медали на 200 метри во машка и женска конкуренција. На преполниот стадион во Јуџин грмеа овации за тројцата Американци кои во машката трка први ја поминаа целта.

Ноа Лајлс, бронзениот медал од ЛОИ Токио, истрча 200 метри за 19 секунди и 31 стотинки и го урна фамозниот рекорд на Мајкл Џонсон од Олимписките Игри 1996 во Атланта. Првично му беа измерени 19 секунди и 31 стотинка но по компјутерско прегледување, тој истрчал за стотинка побрзо од славниот Џонсон кој има четири олимписки злата.

Џонсон подоцна му пристапил да му честита на новопоставениот светски рекорд за САД на 200 метри во машка конкуренција.

Само Усеин Болт (19.19) и Јоан Блејк (19,26) истрчале побрзо на оваа дистанца.

Американецот го одбрани златото освоено на минатото Светско првенство. Втор заврши Кенет Беднарек со време од 19,77 а бронзениот медал му припадна на Ерјон Најтон.

Кај дамите, Шерика Џонсон и донесе уште едно злато на Јамајка од Светските првенства. Шерика стигна до свое прво златно одличје и постави најбрзо време во историјата на Светските првенства како и второ најбрзо на 200 метри на сите турнири откако ги истрча за 21,45 секунди.

Рекордерката и најбрза жена на светот Фрејзер Прајс овојпат истрча за 21,81 секунда и се закити со сребро а бронзениот медал со трето место го освои Дина Ашер-Смит.

Светското атлетско првенство завршува во недела, а САД имаат најмногу златни одличја.

22 јули 2022 - 09:54