Целокупниот Фајнал Фор традиционално игран во Келн беше драматичен. Во полуфиналните средби најпрвин Магдебург и Барселона режираа права драма на пенали, а Киелце со крајни маки го совлада ПСЖ на Раул Гонзалес.
Во големото финале само неколку часа подоцна (целокупната јавност со право се прашува како е можно финале да се игра во толка кратка дистанца од полуфинале), германската екипа собра сили да се врати резултатски во меч во кој губеше повеќе од 50 минути и на крајот да го крене пехарот.
И покрај тоа што големото финале се играше во Германија, трибините беа поисполнети со полски навивачи кои громогласно го бодреа тимот на Талант Душебаев.
Киелце поведе лесно 4-1 после само шест минути игра, а иако се очекуваше Магдебург да игра без својот важен играч Гисли Кристијансон кој го повреди рамото на крајот од полуфиналето со Барса, нивниот стратег Бенат Вихерт го стави во игра а Исланѓанецот врати со дури шест погодоци и сјајни асистенции.
Remember the name: Nikola PORTNER 🔥#ehfcl #ehffinal4 @SCMagdeburg pic.twitter.com/6HWvmfjKhl
— EHF Champions League (@ehfcl) June 18, 2023
Киелце на полувреме водеше 15-13.
Жолто-сините од Киелце стартуваа сјајно во вториот дел кога Волф, јунакот од полуфиналето со ПСЖ ја запиша својата десетта одбрана а Алекс Душебаев само продолжи онаму каде застана во полуфиналето. Решеташе од сите позиции.
Киелце за првпат избега на +4 гола разлика но Германецот не би бил Германец ако не се врати кога е најтешко. Магдебург брзо се врати на -2 и влезе во силен налет.
Натпреварот во еден момент од вториот дел беше во прекин 20 минути поради тоа што му се слоши на еден од присутните полски новинари кој и покрај брзата лекарска интервенција, починал. ЕХФ после мечот упати длабоко сочувство до неговото семејство, пријатели и колеги.
Откако натпреварот продолжи Магдебург израмни на 22-22 со головите на одличниот Муше а во самиот финиш се влезе со нерешен резултат: 25-25. Германците поради неспретна замена мораа да го доиграат дуелот со играч помалку а Киелце не го капитализираше тоа и со 26-26 екипите отидоа во продолженијата.
А таму Магдебург беше многу поконцентриран, фокусиран и физички се уште во ритам па заслужено победи 30-29 и стигна до пехарот.
𝑺𝑪 𝑴𝑨𝑮𝑫𝑬𝑩𝑼𝑹𝑮 are the 𝑪𝑯𝑨𝑴𝑷𝑰𝑶𝑵𝑺 ⭐️✨#ehfcl #ehffinal4 @SCMagdeburg pic.twitter.com/jL0tfOBhek
— EHF Champions League (@ehfcl) June 18, 2023
Киеце како и лани одново е поразен во големо финале во кое беше близу пехарот. Полјаците по вторпат во историјата се вицешампиони.
Холанѓанецот Смитс со осум гола беше најдобар поединец кај новиот европски првак. Дамгард и Гисли Кристијансен дадоа по шест а кај Киелце лидер беше Алекс Душебаев со осум гола. Во дуелот за трето место Барселона го совлада ПСЖ.