Бобан Илиоски ја одбрани светската кик-бокс титула!

Најдобриот спортист на Македонија за 2024-та година, кик-боксерот Бобан Илиоски успеа да ја одбрани светската титула откако во Женева го совлада Французинот Кадри Мурсели.

Бобан Илиоски до вредниот појас во ВАКО-Про категорија до 88,6 килограми во категорија К1 дојде и втора година по ред откако лани во Скопје го совлада Турчинот Берк Дузенли тогаш со 2:1.

Овој резултат уште еднаш стави печат на потврата дека овој супер спорт одлично се развива во Македонија и дека има таленти кои носат големи резултати за државата.

25 мај 2025 - 10:34